Press "Enter" to skip to content

ФТ Митко Василев, ординација “Кинет мед“ – fizio4you: Синдром на прав врат

ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност.  Овој пат  ФТ Митко Василев ќе ве информира за синдром на прав врат, модерна болест на нашето време, за што вели: 

Синдромот на исправен врат, познат и како воjнички врат, е состојба која се карактеризира со губење на нормалната цервикална лордоза (анатомска кривина на врат) или природната закривеност на вратот навнатре што помага во потпората на главата и одржувањето на правилната функција на ‘рбетот. Оваа закривеност е од суштинско значење за рамномерна распределба на тежината на главата и овозможување на вратот ефикасно да апсорбира шок и стрес.

Нормалната закривеност на цервикалниот ‘рбет помага во распределбата на тежината на главата и обезбедува стабилност и флексибилност на вратот. Седумте вратни прешлени почнувајки од черепот па до градните прешлени се нај подвижниот дел на р’бетниот столб кој дава нај голена слобода на движење во сите рамнини. Од тука  подлежи кон повреди и стриктурни промени.

Кај синдромот на исправен врат говориме за закривеност која постепено се намалува или се стигнува до ситуација да се исправи и премини во обратна насока. Тоа резултира со исправен изглед. Оваа состојба влијае на распределбата на тежината низ вратот, што доведува до симптоми што го ограничуваат животот.

Симптомите на синдромот на исправен врат може да варираат во зависност од сериозноста на состојбата. Некои лица може да доживеат болка во вратот , вкочанетост, главоболки, намален опсег на движење и мускулна слабост или замор. Во тешки случаи, состојбата потенцијално може да доведе до компресија на нервите, што може да резултира со зрачна болка, пецкање или вкочанетост во рацете или дланките.

Когнитивните проблеми обично не се поврзуваат со самиот синдром на исправен врат. Сепак, важно е да се напомене дека хроничната болка или непријатност, вклучително и болката во вратот, може индиректно да влијаат на когнитивната функција и менталната благосостојба.

Исправениот изглед на вратот може да биде придружен и со промени во целокупното држење на телото. Ова може да вклучува држење на главата напред или заоблени рамена. 

Причините за оваа состојба се начесто:

-Продолжено лошо држење на телото: Поминувањето часови згрбавени на бироа или гледање во компјутерски екрани и телефони може да ги оптовари мускулите на вратот. Тоа гледано во период од едно деноноќие повеќе часови поминати во неправилна позиција.

-Слаби мускули на вратот: Ако мускулите на вратот се слаби, може тешко да се држи главата во правилна положба. Ова може да доведе до исправен врат.

-Повреди: Камшичниот удар, да појаснам тоа се удари прадизвикани од предно-задни инерционални движења најчесто од сообраќајни незгоди или други повреди на вратот можат да ја променат неговата природна кривина и да придонесат до слабост. 

-Навики за спиење: Користењето премногу перници или спиењето на начин што не ја поддржува природната кривина на вратот, исто така таканаречената положва во “фетус“ при спиење доведува до влошување на сите физиолошки кривини на р’бетот. 

-Професии со седење  или стоење или професионална деформација на врат. Постојаното наведнување на главата или гледање во рацете доведуваат до слабеење на мускулите во задната регија на вратот и зголемување на притисокот на дисковите што резитита со типични симптоми за оваа болест.

Дијагностицирањето на губење на искривување на вратот бара темелен преглед. Според  медицинска историја и функционалната дијагностика се поставувава  точна дијагноза. Основна дијагностичка алатка е рентгенскара снимка. Раното откривање на овој проблем е многу важно за спречување во рана фаза и отпочнување на корективни вежби.

Физикалната терапија има голема улога во решавање на аплицираната вратна кривина.  Мануална терапија, коракција на постуралното држење, корективни вежби, правилна насока и обука во пасивнот и активниот дел од едно деноноќие  во  држењето на телото. Вежби за зајакнување на мускулите на вратот. 

Во состојби каде што има болки се препорачива имобилизација и физио процедури за намалување на болка. 

Во следните објави очекувајте и останати состојби и заболувања кој се поврзани со цервикалната регија и имаат слична природа на настанување и симтоми.

More from СоветиMore posts in Совети »