Press "Enter" to skip to content

Утре Еурофарм Пелистер ги продолжува европските натпревари, голманот Хаидарирад оптимист

Утре во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола екипата на Еурофарм Пелистер ги продолжува натпреварите во Лигата на Шампиони, по репрезентативната пауза.

Противник на домашните ракометари е тимот на ПИК Сегед, а за овој претстоен натпревар зборуваше голманот на Еурофарм Пелистер, Саид Хаидарирад, кој врати во тимот после повредата на задната ложа.  Суперлигата, 

Голманот Саид Хаидарирад зборуваше за тешкиот дуел против Унгарците и најави дека очекува добар резултат и очекува гостите повторно да бидат сведоци на пеколната атмосфера во салата „Боро Чурлески“.

-Се вратив бргу, најмногу благодарение на медицинскиот тим, кој заврши одлична работа. Повредата е минато, сега се фокусираме на мечот со ПИК Сегед. Очекувам добар резултат и со голем оптимизам го очекуваме дуелот. На сите противници им е тешко во пеколната атмосфера пред нашите гледачи. Нашиот дом е тешко освоив за сите ривали, а тоа ќе го докажеме и на следниот натпревар против Сегед. Мислам дека сме на добар пат, одлично тренираме, тимот е расположен и се наоѓа во позитивен моментум. Не го гледав дербито во Унгарија помеѓу Веспрем и ПИК Сегед затоа што и ние игравме во истиот термин, но од тоа што чув, следниот ривал прикажал извонредна игра. Таму има многу добри и искусни ракометари, затоа мора да сме свесни дека овој меч ќе биде исклучително тежок за нас“, изјави Хаидарирад. 

Натпреварот против ПИК е со почетокот во 20:45 часот. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »