Press "Enter" to skip to content

Две победи на ракометарите во Битола, Еурофарм Пелистер го победи Бутел, “двојкат“ Прилеп (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Бутел 31:21 (16:10)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола, во рамките на двојната ракометна програма во рамки на 12. коло од Супер лигата на Македонија, ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа Бутел убедливо си 31:21, а во тимот на шампионот ги немаше Цехте, Радивојевиќ и Хенегман.Еурофарм Пелистер покажа дека лесно ќе дојде до победа, а на крајот на првото полувреме беше 16:10. Со иста игра Пелистер продолжи и во второто полувреме, а екипата на Бутел се трудеше да го ублажи резултатот, но на крај беше заслужни 31:21.Видомски, Ристевски, Петар Атанасијевиќ постигнаа по пет голови.Еурофарм Пелистер 2 – Прилеп 31:28 (18:13)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја забележаа третата победа во низа, откако славеа над Прилеп со конечни 31:28, а одиграа битолчани одиграа добар натпревар.  Младите ракометари покажаа уште во првото полувреме дека ја сакаат победата и на одмор отидоа со 18:13.

Во вториот дел рутински да ја доработат задачата и да впишат нови бодови на табелата. Прилеп се обиде да стори нешто повеќе, се врати на -3 во 47. минута, а тоа беше се што можеа да направат, а битолчании запишаа сигурен триумф од 31:28. 

Во “двојката  најефикасен беше Христијан Митревски со седум гола, по шест постигнаа Мохамед Азиз и Аудифред Баптист.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »