Press "Enter" to skip to content

Радивојевиќ: Магдебург е најдобра екипа на светот, но да дадеме максимум заедно со публиката

Еурофарм Пелистер од Битола по два меча во низа против ПИК Сегед, во Лигата на шампионите, утре на свој терен ќе биде домаќин на екипата на Магдебург кој нема изгубено натпревар во ова елитно натпреварување. 

Пред натпреварот против германскиот ракометен гигант зборуваше десното крило Богдан Радивојевиќ, кој рече:

-Сите знаат каква екипа е Магдебург, какви играчи имаат, колку долго се заедно. Го знаат нивниот систем и го почитуваат до крајни граници и на некои натпревари се гледа разликата меѓу нив и останатите екипи. Сметам дека се најдобра екипа во светот во моментов. Ако знаев како да се изненади Магдебург сигурно ќе кажев дека во среда ќе победиме. Но, ќе дадеме сè од себе, заедно со нашата публика. Веќе покажавме дека изненадувања се можни, а не е ни лесно да се игра против нас и против нашата публика. Сигурно дека нема да им биде лесно, ќе го дадеме максимумот и ќе се обидеме да ги изненадиме. Имаме далеку најдобро навивање во Лигата на шампионите и за нас и за нашите навивачи ќе дадеме сè од себе против Магдебург“.

 Средбата Пелистер – Магдебург ќе се одигра утре, среда во 20:45 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »