Синоќа во Тетово се одржа свеченото отворање на новиот објект „Gold Felicia Tetovo“, комплекс кој обединува современо казино со жива игра, ресторан и хотел со врвни сместувачки капацитети. Настанот привлече огромен број посетители, а атмосферата од првиот момент ја одбележаа гламур, елеганција и извонредна организација.
Со отворањето на казиното, кое располага со слот апарати од последна генерација, како и маси за покер, рулет и блек џек со жива игра, во Тетово се поставува нов стандард во понудата за забава и хоспиталитет.
Просторот е уреден во модерен стил, со нагласен луксуз и висок степен на удобност, а посетителите уште на првата вечер имаа можност да го почувствуваат специјалното искуство кое Gold Felicia го нуди.
Покрај казиното, на свеченоста беше претставен и новиот ресторан со внимателно селектирана гастрономска понуда, како и хотелот кој обезбедува висок степен на комфор и приватност за гостите.
Со ова, Gold Felicia Tetovo станува целосна дестинација за забава, престој и софистицирана услуга.
Вечерта ја заокружи настапот на уникатното Gold Felicia Cabaret, препознатливо по својот висок уметнички квалитет и впечатлива сценографија. Публиката ја исполни салата до последно место, а изведбата придонесе за исклучителната атмосфера која доминираше целата вечер.
Со новиот комплекс, Gold Felicia ја зајакнува својата позиција како бренд кој воведува нови стандарди во забавната и угостителската индустрија, а Тетово добива ново реперно место кое ветува квалитетни содржини, професионален пристап и искуства што се паметат.

„Спектакуларен старт: Голд Фелициа Тетово официјално ги отвори вратите со незаборавно шоу“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Вечерва во Битола отворен првиот градски фестивал посветен на виното (фотогалерија)
- Амбасадорката на САД во Македонија, г-ѓа Никол Варнс по посета на УКЛО Битола
- Амбасадорката на САД во Македонија Никол Варнс во посета на Општина Битола
- ОУ “Стив Наумов“- Битола со соопштение по заканувачките пораки на ученик кон неговите соученици и нивните родители
- АД ЕСМ и РЕК “Битола“ дел од транспарентниот процес за подобра и позелена иднина





