Еурофарм Пелистер – Алкалоид 26:26 (17:13)
Екипата на Еуеофарм Пелистер од Битола одигра само реми против Алкалоид иако имаше седум голови предност во 40. минута, но на крај се беше недоволно за победа, а разочарувањето да биде уште поголемо кај публиката е тоа што Радивијевиќ промаши пенал на само 4 секунди до крајот на натпреварот, а јунак на големанот на гостите Галевски.
Првото полувреме започна со рамноправна игра, Пелистер имаше водство, а Алкалоид во еден период имаше и 6.7. Потоа резултатот гласеше и 9:10, но беше и 12:12. Следуваа минути на “пелистерци“ и од 12:12, дојдоа на +5 (17:12). До одморот Алкалоид даде само еден гол о на одмор се отиде со 17:13.
И на стартот на вториот дел резулатот се движеше така, беше 20:16, Потоа Еурофарм Пелистер даде три гола во серија и дојде до +7 (23:16). Алкалоид не се откажа, преку Митев и Стојковиќ се врати на минус од четири гола, потоа дојде и на минус два (24:22), па следеа драматични пет минути до крајот.
Во 56. минута Лазаров повика тајм-аут, Алкалоид имаше напад за еден негатива и го искотисти за 25:24. Потоа од пенал погоди и Филип Кузмановски за 26:24. Стојковиќ од пивот намали на 26:25.
На една минута пред крајот, Галевски одбрани и Алкалоид тргна да израмни, а тоа го направи Ѓорѓиев за 26:26. На дваесетина секунди до крајот Гарабаја повика тајм-аут, Пелистер изнуди пенал, но Иван Галевски му одбрани на Радивојевиќ на 4 секунди до крајот.
Најефикасен кај Еурофарм Пелистер е Дејан Манасков со девет гола, Филип Кузмановски погоди пет пати, а Никола Митревски имаше 13 одбрани.
Сашо Ристевски – Дамијана Ристевска









