Пелистер Волеј – Газели 3:2
(25:18, 16:25, 25:21, 22:15, 15:8)
Вечерва во Битола екипата на Пелистер Волеј, на свој терен во салата на Медицинско ја забележаа првата “тај-брејк“ победа сезонава во најсилната женска лига, Првата лига на Македонија.
Во последниот натпревар од осмото коло од шампионатот битолчанки ја добија драмата со Газели волеј и на крај славеа заслужена победа од 3:2 во сетови (25:18, 16:25, 25:21, 22:25, 15:8).
Битолчани кои ги наполнија трибините во салата, имаа прилика, како и се очекуваше да гледаат дербито на дебитантите во прволигашкото друштво двете екипи, а натпреварот беше одиграа крајно борбен, интересен, неизвесен, со убави поени и тактичко надмудрување.
Пелистер Волеј лесно и убеливо го доби првиот сет во одлична игра 25:18. Вториот сет го добија гостинските и го изедначија резултатот на 1:1 по сетови. Пелистер се врати во игра со добивање на третиот сет со резултат 25:21 по тешка борба, а потоа Газеле израмнија на 2:2 по сетови по добивање на чевртиот сет со резултат 22:25, а лесно можеше да случи Пелистер да го добие ти тој сет 3:1, но неисуството на младите “пелистерки“ во стори своето и се отиде на петти сет за одлука.
Во решавачкиот петт сет Пелистер Волеј се наметна на статртот и направи разлика од 7:1, а потоа беше и 8:2 за промена на страните. Заврпшницата битолските одбојкарки ја одиграа смирено, ги слушаа советите од клупата и дојдоа до 15:8 за радост и нови бодови.
Во екипата на Пелистер Волеј најефикана беше Шај Мекги со 22 поени, Симона Стојановска имаше 8 поени.
Сашо Ристевски










