Press "Enter" to skip to content

УКЛО Битола промовира нови доктори на науки (фотогалерија)

Денес во Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола одржана е свечена промоција на доктори на науки. На настанот, во присуство на раководството на УКЛО, кандидати, декани и најблиски членови на докторандите, ректорот, проф. д-р Игор Неделковски промовираше 24 нови доктори на науки.Денешната промоција на доктори на науки е прва од неколкуте значајни академски свечености по повод 8 Декември, патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.Ректорот Неделковски по повод пригодата посочи дека на Универзитетот свечено се промовирани 24 нови доктори на науки од повеќе области, при што најбројни се докторите на науки од Педагошкиот факултет.Тој посочи дека со промоцијата на највисокиот научен степен, воедно започна тридневното одбележување на патрониот празник – Св. Климент Охридски. Универзитетот бележи континуиран раст на интересот за вториот и третиот циклус студии, а особено значаен е порастот кај магистерските студии, каде што, оваа година бројот на запишани е двојно поголем од минатата.-Горди сме и на фактот дека значителен дел од докторандите се студенти од странство, што ја потврдува отвореноста и квалитетот на нашите студиски програми. Промоцијата ги обедини науката и академските доблести, втемелени врз обврската на докторите на науки да го почитуваат и да го чуваат достоинството на титулата – како највисоко остварување на научен индивидуален развој.Од основањето на Универзитетот во 1979 година до денес, на УКЛО докторирале 499 доктори на науки.

Фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »