Press "Enter" to skip to content

ФТ Митко Василев, ординација “Кинет мед“ – fizio4you: Ипичмент на колк 

ФТ Митко Василев, физиотерапефт, специјалист кинезитерапија и мануална терапија, од ординацијата “Кинет мед“ ве информира за дијагностика и терапија за разни заболувања и третмани за нив. Низ овие разговори ќе добиваме и стручни информации, а за истите постои голема заинтересираност.  Овој пат  ФТ Митко Василев ќе ве информира за ипичмент на колк , за што вели: 

Импинџмент на колкот, или фемороацетабуларен импиџмент (FAI), се јавува кога главата на бутната коска (топката на колкот) се притиснува на ацетабулумот (чаша на колкот). Кога тоа ќе се случи, може да се појави оштетување на лабрумот (‘рскавицата што го опкружува ацетабулумот), предизвикувајќи вкочанетост и болка во колкот и може да доведе до артритис.

Постојат два главни типа на FAI. Првиот е предизвикан од деформација на главата на фемурот (се појавува задебелување во вид на топче). Оваа форма создава триење кога топчето ќе го погоди работ на чашата. Вториот тип на импиџмент се јавува кога ацетабулумот (чашата) има абнормална форма. Чашата може премногу да ја покрие главата на фемурот, создавајќи триење кога работ на чашата ќе ја погоди главата/вратот на фемурот. Исто така е можно да се има комбинација од овие два типа.

Симптоми на импиџмент на колкот?

Повеќето пациенти со FAI доживуваат болка или вкочанетост во препоните или предниот дел на бутот. Ова често се јавува или се влошува со свиткување на колкот или на половината, како на пример при возење велосипед, врзување чевли или седење подолг временски период. Во нормални секојдневни активности се појавува благо штипкање и умора при движење во некои случаи е и асимтоматски. Кога ќе дојде до оштетивање на р’скавицата започнуваат посложните симптомите да се поинтезивни најчесто болка при газење  и кај напрадни случаи болка во препони и глутеус. Чучњеви, исфрлање на прстите, скокање, лежењето на страна или седењето мирно долго време исто така може да ја влоши болката. Овие активности или положби можат да ја направат болката остра или прободувачка.

Треба да се диференцира со дополнителни иследувања и тестови за прецизно поставување на дијагноза поради поклопување на симптоми со други состојби и заболувања. 

Кои се факторите на ризик за импиџмент на колкот? 

Кај многу луѓе, се смета дека абнормалната форма е присутна уште од раѓање. Исто така, можно е да се развие оваа абнормална форма со текот на времето и се забележува почесто кај млади спортисти кои учествуваат во спортови кои вклучуваат многу извиткување на колкот и чучњеви. Некои состојби, како што е лизгање на главината на феморалната епифиза, можат да предизвикаат оваа абнормална форма.  Мажите имаат поголема веројатност да имаат импичмент од жените.Спортистите имаат поголема веројатност да доживеат симптоми. Особено ако играат спортови што вршат голем притисок врз колковите. Ова не значи дека спортувањето ја зголемува веројатноста за развој на импинџмент. Но, спортистите имаат поголема веројатност да забележат симптоми. Тоа е затоа што ги користат колковите почесто и поинтензивно од повеќето луѓе. Компликации и влошување може да се случи кога колкот не се лекува на време. Тоа доведува до кинење на рскавитата на колкот и остеоартритис. 

Дијагнозата се поставува со функционални  тестови, оглед и проценка за правилни движења во одење. Потребно дијагностицирање кое треба да вкличи и: рентген, МРИ, КТ скенирање, за попрецизно и точно поставување на дијагноза се доиследуваат овие дијагностички методи, физикална терапија.

Физикалната терапија со вежби  ќе ви помогне да ги зајакнете мускулите околу колкот. Ова може да го намали притисокот врз зглобот. Исто така, ќе ја подобри вашата подвижност. Мануалната терапиа е главна алатка кај пациенти со почетен стадиум или таму каде нема поголеми оштетувања на структурите. За импинџмент на колкот клучно е сеопфатната опција за третман. Тие имаат за цел да ја подобрат флексибилноста, да ги зајакнат потпорните мускули и да ја зголемат стабилноста на зглобовите. Преку целна програма за вежбање, поединците можат да доживеат намалена болка, зголемен опсег на движење и подобрена функционалност во секојдневниот живот. 

Модификација на активноста : Можеби ќе треба да избегнувате одредени движења што ја влошуваат болката. Ќе можете да останете активни. Но, можеби ќе треба да го промените начинот на вежбање или тренирање.

Превенција од понатамошни компликации

Вклучувањето во вежби за импинџмент на колкот служи како проактивна мерка во спречувањето на влошување на постојните проблеми и развојот на дополнителни компликации. Со справување со мускулните дисбаланси, подобрување на флексибилноста и зајакнување на потпорните структури, поединците создаваат еластична основа за нивниот зглоб на колкот, минимизирајќи го ризикот од идни проблеми и зачувувајќи ја долгорочната функција на зглобот.

Ортопедскиот третман е козервативен со медикаменти  и доколку не се подобри симптоматиката се преминува на хирушки третман.