Презентацијата и изборот на најдобрите иновативни идеи од натпреварот Deep Tech EnterPRIZE, организиран во рамките на проектот NanoBioTech е заокружен со доделување признанија и парични награди.
Финансиската поддршка предвидена за трети страни во рамки на проектот NanoBioTech Nexus беше доделена како награди на учесниците во натпреварот Deep Tech EnterPRIZE, со цел да се препознаат и поттикнат најперспективните иновативни идеи.
Првата награда – 12.000 евра ја освои Драганчо Николов, за идејата: Интелигентен систем за мониторинг на ферментацијата во производството на вино. Добитник на втората награда од 8.000 евра е Кристијан Саламовски, студент на Ветеринарниот факултет при УКЛО, за идејата: Дигитално поддржана One Health апитерапија во планинското пчеларство. Трета награда од 5.000 евра ја доби Металотехника ДОО Прилеп, за идејата: OGNOSTOP – нано
хидрогел за еко-ефикасно гаснење пожари.
Евалуацијата на визионерските и иновативни решенија ја спроведе комисија составена од претставници од невладиниот сектор, индустријата и академската заедница, со што се обезбеди објективен, транспарентен и стручен процес во селекцијата. Оценка е дека доделените иновативни решенија покажаа значаен потенцијал за примена во deep-tech екосистемот и претставуваат важен чекор кон нивна понатамошна развојна и практична имплементација.
На овој начин целосно е оправдана целта и реализацијата на настанот – да се поттикне развојот на иновативни решенија базирани на напредни технологии.
Во рамки на свечениот дел, пред присутните се обрати проф. д-р Андријана Боцевска, раководителка на проектот NanoBioTech Nexus, која ја потенцира улогата на проектот во поврзувањето на нанотехнологијата и биотехнологијата со бизнис-секторот. Таа истакна дека преку овој натпревар младите истражувачи и тимови презентираа скалабилни и одржливи решенија насочени кон актуелни предизвици во здравството, животната средина,
земјоделството и безбедноста на храната.
Презентацијата и изборот на најдобрите иновативни идеи од Deep Tech EnterPRIZE во рамки на проектот NanoBioTech Nexus се одржа на 5 декември 2025 година во Домот на Армијата во Битола, по повод Патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Одржани презентација и избор на најдобрите иновативни идеи од Deep Tech EnterPRIZE во рамки на проектот NanoBioTech Nexus (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- В недела, во Битола шаховски предизвик во “Пионерски Book Bar“
- Еурофарм Пелистер 2 само со еден бод против Бутел во Битола (фотогалерија)
- Изложба на илустрации на академскиот сликар Јанис Происос од Солун во Битола (фото)
- Приведени членови на “Комити“ нападнале полицајци пред спортската сала
- Британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон на средба со градоначалникот Коњановски





