Press "Enter" to skip to content

Пелистер утре гостува во Кавадарци, меч на кој мора да се победи

Кошаркарите на Пелистер се решени да ја остават зад себе разочарувачката мини-серија од два порази (три во последните четири рунди од Супер-лигата) и викендов да се вратат на триумфални патеки.

„Зелено-белите“ утре со почеток во 17 часот ги очекува гостување во Кавадарци против Тиквеш, меч во кој избраниците на тренерот Даскаловски се мотивирани да одиграат стопроцентно, да стигнат до победата и да се обидат што поскоро да се вмешаат во борбата за највисок пласман.

Тиквеш е тим кој исто така не се наоѓа во најдобра форма, има четири порази во последните пет кола, воедно и ривал со кого Пелистер има добра традиција ако се знае дека битолчани имаат пет победи во низа во домашното првенство над противникот од Кавадарци.

More from СпортMore posts in Спорт »