Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанка погодена со тврд предмет на натпревар, во село Трновци пронајдени пневматско оружје, сигнален пиштол, рамка и 62 парчиња муниција

На 11.12.2025 во 16:00 часот во СВР Битола, Х.Ѓ. (27) од село Бистрица, битолско, пријавила дека на 10.12.2025 во 19:20 часот во спортска сала „Боро Чурлевски” во Битола, за време не ракометниот натпревар помеѓу РК Еурофарм Пелистер и РК Вардар од Скопје, била погодена со тврд предмет во лицето и се здобила со повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 11.12.2025 во 13:45 часот, со наредба од Основен суд Битола, полициски службеници од СВР Битола извршија претрес во куќа сопственост на А.Н.(49) од с.Трновци, битолско. При претресот е пронајдено пневматско оружје, сигнален пиштол, рамка и 62 парчиња муниција. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.