Press "Enter" to skip to content

Соопштение од Здружението на пензионери на Битола, Новаци и Могила!

Здружението на пензионери на Битола од 23.11.26 има нова “фејсбук“ страна

https://www.facebook.com/profile.php?id=61596803763028

До отворање на нова страница на социјалната мрежа Фејсбук дојде од причина што поранешната претседателка одби да го предаде Facebook профилот по неколку испратени барања по пошта и електронски пат (сите барања се прикажани подолу во текстот).На 23.11.26 поранешната претседателка на Здружението на пензионери испрати мејл дека нема да го користи и нема да го даде “фејсбук“ профилот, иако се обврза со записникот од 11.11.2026 дека предава се што е на Здружение на пензионери Битола.

Поради наведеното, покрај информацијата до членството за новиот Фејсбук профил од кој можат да се информираат за релевантни информации поврзани со Здружението, исто така ги информираме дека објавите поставени на стариот Фејсбук профил од 30.10.2026 до 23.11.2026 да ги сметаат за неточни и изјавени од неовластено лице, соопштуваат од Здружението на пензионери Битола.