На 22.11.2026 во СВР Битола е пријавено дека во атар на с.Могила, општина Могила, настанал пожар во нива со насад од лешници, сопственост на З.П.(49) од с.Могила. Од пожарот оштетени се околу 400 садници лешник, 600 метри црево за наводнување и 100 метри црево главен вод за наводнување. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
На 22.11.2026 во 17:10 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Н.П. (46) од битолско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и и упатил закани. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
На 22.11.2026 во 21:15 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Б.К. (42) од Битола. Според пријавеното, Б.К. упатил закани по живот кон неговата 25-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.






