Вчера не трчавме. Седнавме во “Porta Jazz“ во Битола. Така напишаа на социјалните медиуми, организаторите на битолската трка “Трчај бе“. Во опуштена атмосфера, тимот на „Трчај бе“, волонтерите, пријателите и дел од ѕвездите од постерот се собраа на afterwork средба во “Porta Jazz“, за да ја заокружат 2025 година и да ја најават следната.
-Вечерва сме бе стартни броеви и без временски чипови, но со истата енергија што ја движеше трката цела година, истакна Никола Димитровски кој ја започна трката пред 8 години со тим кој ја направи за кратко време една од највпечатливите улични трки во атлетскиот календар на многу спортисти, компании и рекреативци и најмасовниот спортски настан во Битола.
Синоќа имаше волонтери што со години ја градат приказната, ѕвезди од постерот што овојпат излегоа од рамката и разговори што почнуваа со „се сеќаваш кога…“ – моменти што потсетуваат дека ова не е само уште една спортска манифестација, туку проект длабоко вкоренет во локалната заедница.
Концептот “Битолси на Трчај бе“ под кој одеше целата кампања за трката во 2025 доби своја вечер, со симболични подароци и чувство дека приказната не завршува, туку се префрла во ново поглавје. Дел од волонтерите и ѕвездите од постерот не беа во можност да присуствуваат, но постерите им беа испратени. Меѓу нив и ракометарот Филип Кузмановски, кој поради натпревар не можеше да биде присутен, па споменот од “Битолси на Трчај бе“ му беше предаден од спортскиот новинар и еден од водителите на трката, Зоран Мишевски.
На настанот официјално беа најавени и датумите за двете трки во 2026 година: “Мини Трчај бе“ на 31 мај 2026 и “Трчај бе“ на 13 септември 2026.

“Трчај бе“ ја затвори 2025 и ги најави двете трки за 2026 во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Одржан традиционалниот “Битолски бал“ по 37. пат во Сиднеј, Австралија (фотогалерија)
- Пораз на Пелистер на домашен терен од тимот на Штип (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер ја обнови својата клубска слава Митровден
- СВР Битола: битолчанец со “мерцедец“ возел со 3,23 промили алкохол во крвта, возел без возачка и без регистрација и направил сообраќајка на “Илинденска“
- Денеска е Свети великомаченик Димитриј – Митровден (“Дојде ли Митровден, чекај си Ѓурѓовден“)
More from СпортMore posts in Спорт »
- Пораз на Пелистер на домашен терен од тимот на Штип (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер ја обнови својата клубска слава Митровден
- Златевски: играме добро на домашен терен, така ќе биде и вечерва
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија








