-Битола на 31 декемеври 2015 година беше студено се ветер, а тоа не ги спречи битолчани на плоштадо “Магнолија“ во Битола заеднички да ја дочекаат Новата 2016 година. Неколку илјади битолчани, претежно млади, имаа можност да уживаат во песните и настапите на тогаш екстра популарниот Даниел Камјаковски и Наум Петревски, кои ги загреаја измрзнатите битолчани, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Покрај нив, во културноуметничката програма настапија и “ИКС бенд“, Сефедин
Бајрамов, Борче Наумовски, Сашко Савевски, групата “Паркети“, “Памперс“, Виктор Апостоловски и Стефанија Милевска.
На полноќ, Новата 2016 година, на сите битолчани им ја честита градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој, тогаш 11 години по ред, заедно со своите сограѓани, ја испраќа старата и ја пречекува Новата година.
На дочекот на Новата 2016 година на покана на градоначалникот на Битола – Владимир Талески присутвуваше градоначалникот на Лерин – Стратакис.
Инаку, во Битола најголемиот број битолчани покрај на Градскиот плоштад, Новата 2016 година ја пречекаа во своите домови, а преполни беа и битолските ресторани и кафулиња.
Новата година најсреќни ја пречекаа двете мајки, во Клиничката болница и Болницата “Плодност“, каде на свет донесоа две бебиња. Случајот сакаше двете родилки да не бидат од Битола. Едната мајка е од Крушево, а другата од Охрид.
Општина Битола додели награди на битолчани кои најубаво ги украсија своите домови.
[ngg src=”galleries” ids=”2722″ display=”basic_thumbnail” thumbnail_crop=”0″ order_by=”filename”]











