Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 од Битола со одржување на работен состанок и првиот тренинг во новата година и официјално ги започнаа подготовките за пролетниот дел од оваа тековна ракометна сезона. Тренерот Александар Зарков на располагање ги имаше скоро сите ракометари од есенскиот дел, со кои ќе се обиде во последните четири кола од регуларниот дел на Суперлигата да се избори за плеј-офот.
Тренерот Александар Зарков информираше дека подготовките ќе се одвиваат на домашно тло, а досега закажани се три контролни средби.
-Комплетните подготовки ќе ги одработиме во Битола. Имаме програма како физички, така и тактички да ја подигнеме екипата. Во текот на подготовките ќе одиграме и контролни натпревари со Прилеп и Младост Богданци. До крајот на првиот дел од шампионатот има уште четири кола, од кои на две мораме да победиме – против Струга и Радовиш. Не зависи сè од нас, но шанси имаме. Нашето ќе го направиме на терен, ќе одиграме максимално посветено на сите натпревари и на сите ќе одиме на победа, изјави Зарков.
Еурофарм Пелистер 2 ќе се подготвува во Битола, а екипата ќе тренира секојдневно во спортската сала „Боро Чурлевски“, а планирани се и три контролни натпревари. На 23 и 25 јануари Еурофарм Пелистер 2 ќе тестира со Прилеп, а на 30 јануари ќе се сретне со Младост во Богданци.
Еурофарм Пелистер 2 презими на седмото место со 17 бода. Првиот официјален натпревар во 2026 година Еурофарм Пелистер 2 ќе го одигра на 7 февруари против Еурофарм Пелистер.

Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките, борба за пласман во плеј-офот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Четврта детска трка “Trailko“ за крај на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ Битола, победници сите дечиња (фотогалерија)
- Изложбата „Артеизам“ на Владимир, Васко и Дејан отворена во “Окованделија“ – новиот алтернативен уметнички простор во Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: одбележан денот на битолската и македонската адвокатура (фото)
- СВР Битола: приведени двајца возачи, едниот возел без возачка, другиот со 1,70 промили алкохол во крвта
- Акциска контрола на подрачје на СВР Битола, санкционирани 80 мотоциклисти и 10 возачи на електрични тротинети
More from СпортMore posts in Спорт »
- Антонио Каранфиловски и Теодора Марковска од Македонија победници на трката од 42 километри на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ (фотогалерија)
- Најслатките и најмилите по трет пат трчаа на “МИНИ Трчај БЕ“ – Битола во детски режим (фотогалерија)Најслатките и најмилите по трет пат трчаа на “МИНИ Трчај БЕ“ – Битола во детски режим (фотогалерија)

- Македонија поразена од Азербејџан во Битола ги заврши квалификациите за СП (фото)
- “Трчај бе“ донираше спортски реквизити за битолските основни училишта
- Нови титули, нови победи, АК Олимп од Битола продолжува со успесите во оваа сезона









