Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 од Битола со одржување на работен состанок и првиот тренинг во новата година и официјално ги започнаа подготовките за пролетниот дел од оваа тековна ракометна сезона. Тренерот Александар Зарков на располагање ги имаше скоро сите ракометари од есенскиот дел, со кои ќе се обиде во последните четири кола од регуларниот дел на Суперлигата да се избори за плеј-офот.
Тренерот Александар Зарков информираше дека подготовките ќе се одвиваат на домашно тло, а досега закажани се три контролни средби.
-Комплетните подготовки ќе ги одработиме во Битола. Имаме програма како физички, така и тактички да ја подигнеме екипата. Во текот на подготовките ќе одиграме и контролни натпревари со Прилеп и Младост Богданци. До крајот на првиот дел од шампионатот има уште четири кола, од кои на две мораме да победиме – против Струга и Радовиш. Не зависи сè од нас, но шанси имаме. Нашето ќе го направиме на терен, ќе одиграме максимално посветено на сите натпревари и на сите ќе одиме на победа, изјави Зарков.
Еурофарм Пелистер 2 ќе се подготвува во Битола, а екипата ќе тренира секојдневно во спортската сала „Боро Чурлевски“, а планирани се и три контролни натпревари. На 23 и 25 јануари Еурофарм Пелистер 2 ќе тестира со Прилеп, а на 30 јануари ќе се сретне со Младост во Богданци.
Еурофарм Пелистер 2 презими на седмото место со 17 бода. Првиот официјален натпревар во 2026 година Еурофарм Пелистер 2 ќе го одигра на 7 февруари против Еурофарм Пелистер.

Еурофарм Пелистер 2 ги започна подготовките, борба за пласман во плеј-офот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- Самостојна изложба на Дијана Колонџоска од Битола – “Сонувани хоризонти“ (фотогалерија)
- Граѓани платиле за паркинг кога беше бесплатно, “Паркинзи“ парите ќе ги насочи за хуманитарни цели
- СВР Битола: 53 годишник од Мусинци возел трактор со 2.92 промили алкохол и без возачка, битолаченец “ауди“ со 1.60 промили алкохол во крвта
More from СпортMore posts in Спорт »
- Се одржа општинскиот натпревар во стрелаштво (фото)
- Пелистер со реми против Кожув во Гевгелија
- КК Пелистер ги отвора вратите за основците и средношколците
- Влатко Трајчески победник на традиционалниот кугларски турнир во Битола
- 68. по ред ноќна атлетска трка по Широк Сокак во Битола со повеќе од 600 учесници (мега фотогалерија)








