Европското првенство во Данска во ракомет е пред почеток, а веќе се познати официјалните лица за првото коло од групната фаза. Македонските судии Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола ја добија најатрактивната задача меѓу судиските двојки, откако им беше доверен еден од дерби натпреварите на колото.
Нашите сограѓани, интернационалните ЕХФ судии од Битола ќе делат правда во групата што се игра во Малме, а ќе го водат дуелот меѓу Шведска и Холандија, кој е закажан за 17 јануари од 20,30 часот во “Малме Арената“, натпревар има големо резултатско значење.
За Митревски и Тодоровски ова ќе биде деби настап на Европско првенство во сениорска конкуренција, по одличните оценки што ги добиваа оваа сезона за судењето на неколку дерби натпревари во Лигата на шампионите.
Митревски и Тодоровски ќе бидат единствен судиски пар во Данска откако од листата на судии ЕХФ ги повлече Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.









