Press "Enter" to skip to content

Топ-засилување во Битола – Брендан Џенкинс, бек-поентер, потпиша Пелистер

Екипата на Пелистер од Битола веќе ги стартуваше подготовките за вториот дел од сезоната, а „зелено-белите“ во меѓувреме го договорија и првото засилување во 2026 година. Станува збор за Брендан Џенкинс, американски бек поентер кој треба да биде од голема корист на „зелено-белите“ во клучниот дел од сезоната.

Џенкинс е добро познат во регионот по одличните настапи во дресот на Морнар во АБА1 лигата пред една сезона. Американецот имаше серија добри игри, а најдобрата партија ја прикажа против Црвена Звезда, меч на кој реализираше 27 поени, со два скока, две асистенции и четири украдени топки.

Минатиот месец тој настапуваше во шампионатот на Либан, во дресот на Тадамон имаше просек од 10 поени, 4 скокови и 2,5 асистенции по натпревар, од каде доаѓа во таборот на „пелистерци“.

Џенкинс ќе го заземе местото на Си-Џеј Вилсон, кому му се заблагодаруваме за соработката во првиот дел од сезоната и му посакуваме многу среќа во следните ангажмани во кариерата.

More from ВестиMore posts in Вести »