Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер пропуштија победа во регуларниот дел, убедливо во продолжението за победа над Чаир

Чаир – Пелистер 99:107

Во Скопје се играа продолженија, но екипата на Пелистер од Битола оствари многу важна победа за битолчани, со резулат 99:107, по продолжение од 5 минути и со победата ја сопре серијата на чаирчани. Во текот на целиот натпревар “пелистерци“ имаа контрола на резултатот, а во пролетниот дел Пелистер има две победи.

“Чаирчани“ анулираа негатива од 12. поени во последните три минути, се изборија за екстра период од пет минути, а “пелистерци“ како пред време да се радуваа. Во дополнителните пет минути “пелистерци“ одиграа многи добро и паметно и во Битола носат два, особено важни, бода во трката за што повисок пласман на табелата.

Инаку публиката гледаше доста ефикасен почеток на средбата во салата „Шабан Трстена“, а во првата четвртина  се постигнаа 55 поени, а 30. беа на страна на гостите од Битола за резулатат 25:30.

Во втората четвртина се играше внимателно, ја снема таа почетна ефикасност, на двете страни од теренот, а на одмор се отиде со резултат 44:49. На почетокот на втората четвртина, домашниот тим стигна до израмнување (30:30), но „пелистерци“ го одбија тој почетен напад, се одвоија на плус 5, (35:30), и таа позитива ја бранеа постојано.

По три одиграни четвртини, а третата им припадна на домаќинот (21:18), во последната четвртина се влезе со минимална предност на Пелустер и резултат 65:67. 

Но во последниот период, следуваа најдобрите минути на “пелистерци“. Даскаловски ја “ “намести“ одбраната. За шест минути Пелистер прими само шест, од друга страна, гостите дадоа 16, за голема предност (71:83). Но,  домашниот тим се доближи на 86:89 во последната минута, а потоа и на поен предност 88:89. Стајиќ погоди за 91:88, но Ибраими погоди тројка вредна егал резултат 91:91 и продолженија од пет минути.

Во продолжението Пелистер поведе со 91:94, Чаир возврати со серија од пет поени, но следеа тројки на Џенкинс и на Стајиќ  за 96:100 за Пелистер. Следеше нова тројка на Џенкинс, потоа и уште четири поени на Стајиќ, за конечни 99:107 во корист на гостите од Битола.

Стајиќ беше најефикасен со 25 поени и 9 асистенции, Малешевиќ со 22 поени, 6 скока и 7 асистенции, Дејвис имаше 17 (и пет скока), а Митревски и Стојановски имаа уште по 11. 

Екипата на Пелистер вечерва ја впиша деветтата победа и останува на второто место во Суперлигата.