Press "Enter" to skip to content

Младите скијачи на Пелистер имаа успешен натпреварувачки викенд на Попова Шапка

-Ирина Каравилоска од ски клубот Пелистер од Битола е победник во категорија U-8, а младите скијачи освоија и три бронзени медали.

Младите скијали на ски клубот Пелистер овој викенд учествуваа на натпревар од Алпскиот куп – дисциплина велеслалом, одржан на Попова Шапка, а се вратија во Битола со подобрени лични резултати што претставува јасен показател за континуиран напредок.

Работата на тренерите Марјан Нашоку и Дамјан Неделковски кој работат до сега во услови на минимална работа на снег поради немаше на снежни врнежи и подготвени ски патеки как нас со овој успех е уште повредна.

Во категорија U8 – жени Каравилоска Ирина освои прво место.

Трето место освоија во категорија U10 – жени – Каравилоска Софиј, к атегорија U10 – мажи – Талевски Мартин и во категорија U16 – мажи – Мицевски Јаков .

Во категорија U12 – мажи – Костов Антони го освои седмото место.

-И по резулатите кои ги постигнаа нашите млади скијачи овој викенд на Попова Шапка, продолжуваме понатаму со јасна цел – понатамошен развој, континуирано унапредување и постигнување уште подобри резултати на претстојните натпревари, велат од ски клубот Пелистер.
More from СпортMore posts in Спорт »