Ускана – Пелистер Волеј 0:3
Пелистер Волеј од Битола во Кичево забележа рутинска победа и нови 3 бода, во натпревар во кој сите имаа своја минутажа до нова суперлигашка победа и сигурни 3 бода против кичевска Ускана.
Тренерот Митковски ги ротираше сите 14 одбојкарки во 11 коло, потврдувајќи дека во сите одбојкарки има доволно квалитет да одговорат на задачата, што веројатно беше и пресметано штедење на силите за претстојното 12 коло, кога во Битола
Пелистер Волеј во дерби дуел ја пречекува екипата на лидерот на табелата, екипата на Наковски Волеј од Струмица.
Битката за што подобра позиција пред нокаут фазата се заострува, затоа што е густо во средината на табелата каде што е и нашиот Пелистер со скор 5 од 6.










