Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 39:24 (18:11)
Вечерва во Битола екипата на шампионот Еурофарм Пелистер со победа над Еурофарм Пелистер 2 со резултат 39-24 (18-11) го отвори стартот на пролетниот дел од оваа сезона со одигрување на натпревар од натпреварот од 19. коло на Суперлигата.
Ова братско дерби беше и прв официјален натпревар на Стевче Алушевски на клупата на Пелистер и започна со победа.
Еурофарм Пелистер добро го отвори натпреварот со головите на Тајник и Радивојевиќ, а потоа ја одржуваше предноста. Имаа младите “пелистерци“ еден налет и се вратија до 4:4 со два врзани гола на Митревски и Марковски. Сепак, поискусниот тим од Битола почна погодува и да ја надградува предноста. Тимот на Алушовски до полувремето се одлепи на +7 (18-11).
Во продолжението Еурофарм Пелистер го заапочна со два гола на Атанасијевиќ и Кузмановски, а за брзо поведоа и со двоцифрена разлика. Самоил Ристевски во контра погоди за 23-13, а потоа предноста се зголемуваше.
На крајот Еурофарм Пелистер победи со 15 гола разлика.
Најефикасен стрелец во победничкиот табор беше Богдан Радивојевиќ со девет реализации, а кај Еуеофарм Пелистер 2 Славчо Шулески постигна шест.










