Press "Enter" to skip to content

Атлетскиот клуб Олимп од Битола, создава нова историја, ќе има најсилен тим во својата историја (фотогалерија)

-Со петнаесет репрезентативни засилувања, Олимп од Битола станува центар на македонската атлетика и најорганизиран клуб, беше речено на прес-конференцијата.На местото каде е предвидена новата атлетска патека, со сите атлетски борилишта, на стадионот “Петар Милошески’“ во Битола и официјално беше соопшена веста која беше највена претходно, а тоа дека атлетски клуб Олимп од Битола влегува во нова фаза.Новата фаза која следува, според перетседателот Никола Димитровски е фаза на сериозни амбиции, национален фокус и јасна цел: да бидат лидер во македонската атлетика. Тоа ќе направи со доведување на петнаесет репрезентативни засилувања, Олимп станува центар на македонската атлетика и најорганизиран клуб.Претседателот на клубот, Никола Димитровски, го претстави проектот кој ќе ја промени иднината на клубот.-Со трансферите што ќе ги чуете денес, со тренерскиот кадар и со поддршката што ја имаме од градот, Олимп гради најсилен тим што клубот некогаш ја имал. И ова не е само краткорочен потег. Ова е нова историја. Им се заблагодарувам на сите кои се вклучени во оваа идеја и секако кои работат во клубот. Една идеја која дојде спонтано преку разговор со нашиот битолчанец, Димитар Петровски, која тогаш изгледаше неверојатно, сега се остварува. Ќе имаме петнаесетина атлетски репрезентативци, кои ќе работат во Битола и во Скопје, но ќе се натпреваруваат во боите на Олимп, под нашиот дрес, под нашето лого и гордо ќе го носат името Олимп. Им се заблагодарувам на сите, посебно на Општина Битола која ја препозна нашата идеја, рече Димитровски.Тренер на новиот бран атлетичари ќе биде Димитар Петровски, битолчанец кој живее и работи во Скопје. Тој објасни како дошло до идејата и реализацијата.-Од еден дамнешен разговор со претседателот Димитровски, дојдовме до реална можност за реализација на овој проект. АК Олимп денес е најорганизиран клуб во земјата и заслужува да ја има во своите редови скоро комплетната репрезенатција. Тука имаме атлетичари со меѓународно реноме како Поп Арсова, државни шампиони, млади таленти и верувам дека овој тим е комплетен. Ветуваме многу работа и достојно ќе ги браниме боите на овој историски клуб, рече Петровски.Сонот за Битола – спортски град веќе е реалност. Градоначалникот Тони Коњановски и претседателот на советот, Бојан Бојковски, дадоа безрезервна поддршка за новиот почеток на АК Олимп.-Битола отсекогаш знаела да препознае кога нешто е сериозно. Денес гледаме сериозен клуб, сериозна визија и сериозен тим. Сакам јавно да потврдам, проектот за изградба на тартан патека на градскиот стадион е одобрен. Ова не е никаква најава – ова е процес што веќе започнува. Со тоа, Битола не само што ќе го поддржи АК Олимп, туку ќе испрати порака дека сака да биде град на спорт, резултати и млади таленти“, рече градоначалникот Коњановски. Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојковски вети дека атлетичарите ќе бидат следени, подржувани и мотивирани.-Како и сите наши спортисти, така и атлетичарите ќе добијат максимална поддршка за развој и постигнување на врвни резултати. Ние ќе знаеме да ги препознаеме нивните постигнувања и значајот на овој проект за градот и младите генерации. Честитки за оствареното и многу успех во иднина, рече претседателот на советот на Општина Битола.Овој нов почеток за АК Олимп веројатно ќе ја смени иднината и ќе ја зацврсти Битола како лидер во спортот кој се нарекува – кралица на спортовите.Атлетскиот клуб Олимп денес испраќа јасна порака: Битола не е периферија на македонската атлетика – Битола станува нејзин центар. Клубот потпиша договори со петнаесет атлетски имиња, сите репрезентативци и перспектива на клубот и земјата. Нови членови на АК Олимп се: Адријана Поп Арсова, Ирма Хајдари, Марина Домазетовска, Ана Шикоска, Димитар Петровски, Леонид Вандевски, Бојан Чаприќ, Григоријан Никовски, Максим Пауер, Никола Десковски, Блаже Игњатовски, Андреј Андовски, Игор Стојановски, Насе Епов, Матеа Матеска и Теа Божиновска.

Сашо Ристевски