Press "Enter" to skip to content

Младинците на Еурофарм Пелистер од Битола преку турнирот во Пореч, Хрватска до Келн

На еден месец пред стартот на ЕХФ Лигата на шампиони за млади, извлечени двојките за предквалификационите турнири за “Ф4“ за млади во Келн.

Во групата во Пореч, иднината на битолскиот и македонски ракомет младинската екипа на Еурофарм Пелистер од Битола во полуфиналето на 30 март во 12 часот ќе игра против тимот на Алборг. Во второто полуфинале играат екипите на Загреб и Ф. Берлин.

По минатогодишниот голем успех и учеството на Ф4 во Келн ова е нова можност за најдобрата ракометна школа во државата за нови докажувања и успеси на меѓународна сцена!