Тиквеш – Еурофарм Пелистер 24:43 (14:21)
Еурофарм Пелистер од Битола со убедлива победа над Тиквеш го започна годинашниот плеј-оф во машката ракометна Суперлига.
“Пелистерци“ тргнаа како фаворити и целосно ја оправдаа улогата на дуелот во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Тиквеш беше резултатски близу само десет минути кога на семафорот стоеше резултат 7:8 за битолчани. Лесните голови на полувреме донесоа 14-21, а потоа по шест минути игра се поведе за првпат двоцифрено (16:26) и тој резултат се држеше константно.
Најдобар стрелец кај Еурофарм Пелистер беше Манасков со шест гола, а Хакбарт, Кузмановски и Петар и Павле Атанасијевиќ имаа по пет гола.
Во следното коло Еурофарм Пелистер го очекува дерби-дуел против Вардар 1961 во Битола.
Еурофарм Пелистер 2 – Пролет 62 21:23 (11:14)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 се поразени во Битола од тимот на Пролет 62 со резултат 21:23, во натпревар со кој го отворија плеј-аутот на Суперлигата.
Скопскиот тим имаше одличен старт и во првото полувреме водеше со 7:12, а на паузата беше 11:14. Тимот на Зарков во вториот дел во неколку наврати се закани и успеа да намали на минус еден во последните десетина минути, но не успеаја да стигнат до израмнување.
Голманот на Еурофарм Пелистер 2 Јовановски запиша 15 интервенции, додека најефикасен беше Азиз со пет гола.










