Press "Enter" to skip to content

Нова гостинска победа на одбојкарките на Пелистер Волеј

Струмица жени  – Пелистер Волеј 0:3

Екипата на Пелистер Волеј од Битола во рамките на 15. коло гостуваше во Струмица каде играше притив домаќинот, тимот на Струмица Жени и победи убедливо со резултат 0:3, по сетови 11:25, 14:25 и 9:25.

-Пелистер денес беше доминантен на терен и со 3:0  во сетови ја надигра екипата на Струмица Жени за точно 60 минути и се реваншира за есенскиот пораз дома од 1:3 Продолжуваме да играме се подобро и ја зацврстуваме нашата игра како и нашата позиција на табелата, рекоа од Пелистер Волеј.