Македонскиот ракометен шампион, Еурофарм Пелистер ја започна продажбата на билети за натпреварот против европскиот гигант ПСЖ, кој ќе се одигра во рамки на 13. коло од Лигата на шампионите.
Битолчани за последен пат сезонава ќе глдаат тим од европската ракометна елита, а тоа секако е причина плус за љубителите на ракометот да ја исполнат салата “Боро Чурлески“ до последното место.
ПСЖ врза две победи во групата “Б“, и како огромен фаворит ќе допатува во Битола, каде сигурно ќе ја почувствува пеколната атмосфера од трибините.
Натпреварот ќе се одигра на 04 март во 20:45 часот.
Влезни билети за натпреварот можат да се купат он-ланј, како и на продажни места во Битола.










