Press "Enter" to skip to content

Пелистер и Силекс си поделија по бод, битолчани остануваат во опасната зона (фотогалерија)

Пелистер – Силекс 0:0

Попладнево на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола екипата на Пелистер, во рамките на 21. коло во Првата македонска лига не успеаја да победо и да освои значајни три бода во битката за опстанок. Пелистер одигра без победник против кратовски Силекс, и двете екипи освоија по еден бод, а тој бод не им донесе подобрување на местото на табелата, битолчани и понатаму се во опасната зона за испаѓање.Тренерот на Пелистер го немаше на располагање капитенот Стефан Спировски, шанса од првата минута доби младиот Давид Ангелевски, а тимот се врати Булатовиќ. Натпреварот започна со силен дожд и со иницијатива на Пелистер, а првата шанса на натпреварот ја имаше Булатовиќ кој по центаршут на Бошковски биеше со глава, но само во блокот. Пелистер и во продолжението на првиот дел имаше контрола на теренот, а како одминуваше времето и иницијативата беше посилна. Прво се обиде Ангелевски, додека најголемата шанса ја испушти Булатовиќ, кој од само неколку метри биеше покрај голот на Силекс.Второто полувреме започна со тактичко надмудрување на теренот. Во таква рамноправна игра првата шанса во продолжението ја имаше Силекс во 60. минута, но Мирчевски, кој излезе сам пред Јовчевски и шутираше од прва, но младиот битолски голман не дозволи гол во неговата мрежа. Во последната фаза на натпреварот имаше измени во Стојановски и Васоски, но немаше измени во резултатот и двете екипи освоија по еден освоен бод, во натпревар без многу возбудувања, и објективно со реално реми во кое немаше, на крај, подобар противник.Пелистер по 21. коло се наоѓа на 10. место со 21 бод, на 9. место е Македонија ЃП со 23 бода, а на дното на табелата се Работнички и Шкупи.Пелистер во наредното коло ќе го игра “братското“ дерби со Тиквеш. 

Фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »