Еурофарм Пелистер – Струга 19:44
Ракометарите на Еурофарм Пелистер синоќа во Битола во рамките на квалификациониот турнир за “Ф4“ од Купот убедливо ја совладаа Струга во четвртфиналната група “Г“.
Битолчани одиграа одличен натпревар не оставајќи му на ривалот никакви шанси за изненадување. Пелистерци комплетно ја покажаа својата сила и покрај тоа што настапија со комбиниран состав, а во мечот за пласман на завршниот турнир ќе се соочат со подобриот од дуелот помеѓу Прилеп и Драчево.
„Зелено-белите“ настапија без Митревски, Кузмановски, Тајник, Граховац, Абутовиќ и Павле Атанасијевиќ.










