Сосема очекувано по лошите резултати и по последниот порз на Пелистер од Битола, Милан Стојаноски не е веќе тренер на Пелистер.
Стојаноски после поразот попладнево, додека го чекаа навивачите да се појави пред ним, тој им прати порака дека не е повеќе тренер на Пелистер.
-Како шеф на стручниот штаб, ја преземам целосната одговорност за резултати во пролетниот дел од сезоната и одлучив да поднесам оставка од функцијата. Сакам искрено да му се заблагодарам на клубот за укажаната доверба, на раководството за поддршката, на играчите за нивниот труд и залагање, како и на навивачите за нивната безрезервна поддршка во секој момент. Посебна благодарност и до градот Битола, кој секогаш стои зад својот клуб. На екипата и посакувам многу среќа во продолжението од сезоната и остварување на целта – директен опстанок, стои во изјавата на Стојаноски за ФБ на Пелистер.











