Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен во Битола – Втора лига се поблиску (фотогалерија)

Пелистер – Струга ТМ 2:0 (1:0)

Денес во Битола на стадионот “Петар Милошевски“ екипата на Пелистер е поразена од Струга Трим Лум со резултат 2:0, полувреме 1:0.  Со оваа победа екипата на Пелистер е поблиску до Втората лига, а Струга остана во трка со најдобрите Вардар и Шкендија за титула. Почетокот на натпреварот беше во знак на Пелистер, а потоа гостинската екипа успеа да се консолидира и ја презеде иницијативата. Првата шанса за стружани дојде нешто по 20. минута преку Компаоре. Подобрата игра на тимот на Струга резултира со водечки гол во последната минута од првото полувреме 45. минута пред одморот по центаршутот на Воша, по кој Радески го натскока својот чувар и со глава го матира голманот Јовчевски за 0:1.На стартот на второто полувреме “пелистерци“ бараа пенал бидејќи Компаоре играше ненамерно со рака. Бргу по таа ситуација на спротивната страна истиот играч имаше шанса и за гол, ама со глава биеше над голот. Поради тоа по грешка на “пелистерци“ и одземена топка Радески погоди статива.Во 64. минута од мечот Пелистер успеа да ја стресе мрежата на Ангелети по еден корнер преку Бошковски, меѓутоа голот беше поништен поради офсајд позиција.Најдобриот стрелец во шампионатот Компаоре го издржа дуелот со Спировски, а потоа погоди во мрежата на домашните за 0:2 во 80. минута. За среќа на пелистерци се јави ВАР-технологијата, а голот беше поништен заради фаул.Нововлезениот Христијан Малески погоди за 0:2 и крај на дилемите околу победникот.По 24 одиграни кола екипата на Пелистер се наоѓа на 10 место со 22 бода, колку што има и тимот на Работнички на 11 место. Последен е Шкупи со 1 бод.Во наредните кола “пелистерци“ ги чекаат два тешки натпревари гостување кај Шкенсија и домаќин е на тимот на Вардар.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »