Пелистер Волеј – Вардар Ем 3:0
(25:17; 27:25; 25:22)
Екипата на Пелистер Волеј во спортската сала на медицинското училиште во Битола на последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната ја совладавме екипата на Вардар со максимални 3:0 во сетови во еден интересен и содржаен натпревар токму како што доликува на дерби дуел.
Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски по завршувањето на натпреварот рече:
-Одигравме одговорно и дисциплинирано, со максимална посветеност и мотивираност и покрај тоа што знаевме дека математички ништо нема да се смени. Сепак оваа победа ни значи многу од аспект што пред нас имавме ривал кој секогаш е следен со посебно внимание во јавноста, екипа која се пласираше на завршниот турнир од купот на Македонија, па така оваа победа има своја тежина и од срце ја посветуваме на нашата верна публика како и на целата битолска јавност.
Сега започнува разигрувањето во Првата лига за што Митковски вели:
-Како 6 пласирана екипа значи дека вкрстуваме во двомеч со екипата на Работнички од Скопје, која како третопласирана во регуларниот дел е нашиот следен противник во нокаут фазата по која ќе се знаат учесниците во плејоф завршницата. Нема да биде лесно, но ја имаме посакувата форма и се надеваме на добар резултат.
Натпреварите се играат на 1 и 4 април.
Фото: Дамијана Ристевска











