Бутел – Еурофарм Пелистер 25:41 (9:23)
По репрезентативна пауза ракометарите се вратија на ракометните терени, а вечерва се одиграа два натпревари од плеј-оф од Супет лигата на Македонија.
Еурофарм Пелистер пристигна во Скопје како фаворит и сосема го оправда тој епитет. “Пелистерци“ против Бутел Скопје славеше со убедливи +16, (25:41). во натревар во кој победникот не беше ниту во еден момент доведен во прашање. Еурофарм Пелистер во првото полувреме одлично а на полувреме беше 9:23. Тимот на Бутел немаше можност да направи ништо повеќе во второто полувреме освен пораз. Заиграа и помладите ракометари, ја искористија шансата. Натпреварот заврши со 25:41.
Кај Еурофарм Пелистер наефикасни Алем Хаџиќ со седум гола и Дејан Манасков со шест гола.
Куманово -Еурофарм Пелистер 2 31:29 (20:15)
Екипата Еурофарм Пелистер 2 загуби на гостувањето во Куманово против истоимената екипа со резултат 31:29 во натпреварот од третото коло во плеј-аутот на македонската Суперлига.
Куманово во првото полувреме постојано беше во водство, а на крајот на полувремето имаше +5 (20:15).
“Пелистерци“ заиграа нешто подобро во вториот дел и постојано се одржуваа на два до три гола разлика во периодот до 50. минута. Последните 10 минути започнаа со резултат 27:25, а потоа кумановци успеаја да дојдат и на +3, а потоа и до победа.











