Press "Enter" to skip to content

Младите ракометари на Еурофарм Пелистер со убедлива победа над Неготино

Еурофарм Пелистер – Вардар Неготино 49:28 (26:13)

Попладнево во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“ младите ракометари на Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над тимот на Вардар Неготино со резултат 49:28, полувреме 26:13.Натпреварот во рамки на младинска конкуренција беше во целосна контрола на домашниот состав, кој со дисциплинирана одбрана, висок интензитет и одлична реализација во нападот уште во првото полувреме ја најави убедливата победа.Тимот го водеа Фарук Мемиќ и Бојан Стефановски.
Стрелци за тимот на Еурофарм Пелистер беа Георгиев 10, Велјановски 8, Симоновски 5, Дуковски 5, Кочанов 4, Марковски 3, Спировски 3, Василевски 3, Кебаковски 2, Мијалчев 2, Бојчевски 2, Бундалевски 2.

Фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »