Press "Enter" to skip to content

Ник Хенигман уште една или две сезони во Битола, потпиша со Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер соопшти дека Ник Хенигман потпиша продолжување на договорот со левиот бек за сезоната 2026/27, со опција за продолжување и за сезоната 2027/28.

-Во Хенигман гледаме харизматична додадена вредност на нашиот ростер и, иако во нашиот клуб е само една сезона, чувствуваме како долго да сме заедно. Хенигман дојде во Битола минатото лето, го освои Суперкупот на Македонија, играше во континуитет во Суперлигата и Лигата на шампионите, а во меѓувреме е незаменлив и во словенечката репрезентација, соопштија од Еурофарм Пелистер.

Пред да дојде во Македонија, Хенигман играше за Рибница (Словенија), ПИК Сегед (Унгарија) и Сант Рафаел и Шамбери (Франција).

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »