Press "Enter" to skip to content

Младинците на Еурофарм Пелистер во Пореч ги победија врсниците од Алборг и утре преку Фуксе Берлин ќе “брка“ Ф4 во Келн!

Екипата на Еурофарм Пелистер до 18 години од Битола забележа победа над дански Алборг со резултат 24:23 на турнирот во Пореч и ќе игра финале за место на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите во Келн.

Во полуфиналниот дуел младите ракометари на битолчани одиграа борбен натпревар и до самиот крај водеа вистинска битка со скандинавската школа за триумфот.  Играч на натпреварот беше голманот на битолчани Мацанковски.Најдобар стрелец кај пелистерци беше Андреј Георгиев со 12 гола, пред Јован Симоновски со шест гола.

Тимот на Фуксе Берлин ќе биде ривалот на Еурофарм Пелистер во финалето на квалификацискиот турнир во Пореч откако ги совладаа младинците на хрватски Загреб со убедливи 50:29 и закажаа битка со “пелистерци“.Финалето на квалификацискиот турнир во Пореч и мечот што ќе го даде патникот на завршниот турнир во Келн се игра утре во салата “Жатика“ од 16:30 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »