Press "Enter" to skip to content

Билјард клубот Конзули од Битола со одлични резултати на Државното првенство во билијард (фото)

Изминатиот викенд се одржа Државното првенство втор мастерс во организација на Билијард федерацијата на Македонија, каде натпреварите се играа во две дивизии “А“ дивизија во Кичево и “Б“ дивизија во Скопје.Битолскиот клуб СБК Конзули забележа значаен успех, потврдувајќи го својот квалитет и континуитет на домашната сцена.Во “Б“ дивизијата, дури четворица играчи на Конзули се пласираа во четвртфиналето, при што беа освоени повеќе пласмани меѓу најдобрите: Никола Србиновски го освои првото место, Никола Стојановски го освои третото место, Никола Гроздановски и Димитар Јовановски го поделија петтото место.Во “А“ дивизијата, клубот исто така имаше свои претставници во завршницата, каде Христо Василевски освои трето место и Златко Ицановски освои трето место.Со вкупно освоени четири пехари и повеќе високи пласмани, СБК Конзули беше еден од најуспешните клубови на првенството, оставајќи силен белег на турнирот. Овие резултати се потврда за континуираната работа и развој на клубот, како и за квалитетот на играчите кои достојно го претставуваат Битола на државно ниво.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »