Еурофарм Пелистер – Füchse Berlin 21:51 (10:28)
Екипата на Еурофарм Пелистер до 18 години од Битола го освои второто место од квалификациската група во Пореч. РК Еурофарм Пелистер со солиден настап на европската сцена. Во силната квалификациска група во Пореч (Хрватска), младите ракометари покажаа квалитет, карактер и борбеност, обезбедувајќи пласман во финалето и освојување на второто место во ЕХФ Youth Club Trophy.
-По минатогодишната победа во финалето и обезбедувањето на пласман на Ф4 во Келн, Германија, меѓу најдобрите четири екипи во Европа, за жал овој пат не успеавме да го повториме ланскиот успех, но уште еднаш потврдивме дека припаѓаме на европскиот врв, велат тренерите Фарук Мемик и Кире Митревски.
Стрелци од екипата на Еурофарм Пелистер: Симоновски Јован – 5, Георгиев Андреј – 5, Спировски Тео – 3, Василевски Стефан – 3, Кочанов Лука – 2, Мијалчев Горазд – 2, Велјановски Павел – 1 Јован Маџанковски.











