Изминатиот викенд се одржа Државното првенство втор мастерс во организација на Билијард федерацијата на Македонија, каде натпреварите се играа во две дивизии “А“ дивизија во Кичево и “Б“ дивизија во Скопје.
Битолскиот клуб СБК Конзули забележа значаен успех, потврдувајќи го својот квалитет и континуитет на домашната сцена.
Во “Б“ дивизијата, дури четворица играчи на Конзули се пласираа во четвртфиналето, при што беа освоени повеќе пласмани меѓу најдобрите: Никола Србиновски го освои првото место, Никола Стојановски го освои третото место, Никола Гроздановски и Димитар Јовановски го поделија петтото место.
Во “А“ дивизијата, клубот исто така имаше свои претставници во завршницата, каде Христо Василевски освои трето место и Златко Ицановски освои трето место.
Со вкупно освоени четири пехари и повеќе високи пласмани, СБК Конзули беше еден од најуспешните клубови на првенството, оставајќи силен белег на турнирот. Овие резултати се потврда за континуираната работа и развој на клубот, како и за квалитетот на играчите кои достојно го претставуваат Битола на државно ниво.

Билјард клубот Конзули од Битола со одлични резултати на Државното првенство во билијард (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Општина Новаци: патот до Мариовското село Будимирци е оспособен!
- “Зелена еко училница“ на земјоделското училиште од Битола
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Обвинителството со детали за сообраќајката кога загина 17 годишна девојка од Битола
- Денес се празнува Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица
More from СпортMore posts in Спорт »
- Фудбалерите на Пелистер го победија Охрид како домаќини во Новаци, сега се првопласирани
- Победи во гости на двете екипи на Еурофарм Пелистер од Битола
- КК Пелистер започна со продажба на сезонски влезници
- Куманово победник на 1. турнир во Битола “Зоран Петковски – Петкото“, Пелистер четврто пласиран (фотогалерија)
- Пелистер поразен од Куманово, утре ќе игра трето место во Битола (фотогалерија)










