Еурофарм Пелистер од Битола договори и потпиша големо засилување за следната сезона. Македонскиот репрезентативец Мартин Серафимов стави потпис на договорот со шампионот Еурофарм Пелистер во траење од две години.
-По пет сезони минати во „сино-белиот“ тим од Автокоманда, десниот бек ќе има нов предизвик во кариерата. Серафимов потекнува од школата на Металург, играше за првиот и вториот тим на овој клуб, со кој има настапи и во Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од сезоната 2026/27 ќе му се стави на располагање на стручниот штаб, соопштија од клубот од Битола.










