Годинешното 9. по ред издание на Џез фактори фестивалот – Националната џез платформа, ќе се одржи од 15 до 19 април во Битола, Скопје, Демир Хисар, Охрид, со настапот на повеќе реномирани џез музичари од Македонија и странство. Наградата за најдобар млад џез-музичар во 2025 година, која го носи името на легендарниот „Гоце Димитровски“, годинава ја добива младиот и талентиран саксофонист Христијан Ристески.
-Ја користиме оваа прилика искрено да му честитаме на Христијан за ова значајно признание и да му посакаме многу успеси, инспирација и блескава иднина на џез сцената“,
истакнува директорот на Џез фактори фестивалот, професорот Сашо Поповски.
Наградата традиционално се доделува во соработка со стратешкиот партнер на фестивалот, “Синпекс“ Битола и ќе биде врачена на 17 април 2026 година, петок, во 20 часот, на сцената на Народниот театар од Битола.











