Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола стартува кошаркарскиот плеј-оф: Почнува она вистинското, пет битки за титула

 

Пелистер од Нитола го заврши регуларниот дел од сезоната на третото место во Супер-лигата, а тренерот Боро Даскаловски не го крие разочарувањето од завршницата и трите порази во низа, уште повеќе ако се знае дека на трите средби Пелистер беше и подобар ривал три четвртини. Вака, „зелено-белите“ ќе одат по потешкиот пат, почнувајќи од денешниот дуел на домашен терен со Маџари кој почнува во 18 часот.

-Според позицијата на табелата сум делумно задоволен, но никако не сум задоволен од последните три натпревари, каде испуштивме голема можност да го осигураме местото во playoff- от. Сега ќе мораме на потешкиот начин да стигнеме до доигрувањето. Првиот натпревар против одличната екипа на Маџари ќе биде императив за нас да дојдеме до победата, вели Даскаловски и додава:

-Мораме да одговориме на нивната транзиција, нивниот офанзивен скок и да наметнеме ритам кој нам ни одговара. Во регуларниот дел успеавме да издвојуваме две тешки победи, мораме психолошки да останеме присебни и фокусирани.

Маџари е тим против кого битолчани забележаа две победи во регуларниот дел од сезоната, но репрезентативецот Лука Стојановски е свесен дека задачата на саотниот дуел нема да биде нималку лесна.

-Маџари е одлична млада екипа што игра брза кошарка. Имаме две победи против нив, но тоа не значи ништо, секој дуел е приказна сама за себе и мора да се одигра максимално ако се сака да се стигне до триумф. Можам да кажам дека во следниот период ќе се види квалитетот на најдобрите шест екипи во мак-баскетот, во директните пресметки за влез во полуфиналето. Според мене клучен ќе биде пристапот, мораме да играме зрело, но и да бидеме подеднакво фокусирани во текот на сите 40 минути. Следните средби ни се шанса за да се вратиме во победнички ритам, шанса што не смееме да ја пропуштиме, вели Стојановски во пресрет на дуелот со Маџари.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »