Press "Enter" to skip to content

Пелистер со убедлива победа во Битола над Маџари го почна плеј-офот за титулата (фотогалерија)

Пелистер – Маџари 84:72

Кошаркарите на Пелистер во Битола, во спортската сала “Боро Чрлевски“ успешно го стартуваа финалниот процес во битката за плеј-оф разигрувањето во најсилниот домашен шампионат, триумфирајќи во првиот натпревар од доигрувањето против незгодната екипа на Маџари со 84:72.

На натпреварот во Битола Пелистер дојде и до третата своја победа сезонава против овој ривал, овој пат и убедлива, благодарение на одлично одиграните втората и трета четвртина од дуелот.Мечот во Битола стартуваше израмнето, главно со почетно оценување на силите, за да гостите заминат со предност од 17:20 по првиот период на играта. Но, потоа тотална доминација на нашите кошаркари. Дејвис и Крстевски предводеа во вториот период во нападот кој му припадна на Пелистер со 25:18.Во третиот период, пак, се надополни и Џенкинс со одлична игра во офанзивата, за да следи континуирано резултатско одвојување од противникот, и влез во последната четвртина со предност од убедливи 68:52.Во последната четвртина, некако, следеше опуштање на домашните кошаркари, па гостите тоа го искористија за да со серија од 3:12 во првите пет минути од последната четвртина, дојдат до драматични 71:64.

Сепак, со кошевите на Џенкинс и потоа на Малешевиќ следеше брзо враќање, за нова двоцифрена предност (76:65), а потоа и до водство од 82:67 со што веќе беше јасно кој ќе ја однесе победата на натпреварот. На крај, за конечна победа од 84:72.Најефикасен во редовите на нашиот тим беше Џенкинс со 30 поени, а дополнети и со четири скока и две асистенции, а Малешевиќ заврши со „дабл-дабл“ ефект од 13 поени и 10 скока. По 11 поени постигнаа Крстевски и Вилсон. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »