-Во Битола наградата “Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар му беше доделена на Христијан Ристески, а концерти одржаа “Voice and Bass“ од Унгарија и “Oststyrian Rhythm Section“ од Австрија.
Вечрва на третиот по ред ден на 9. по ред “Џез фактори фестивалот“ беше доделена и наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2025 година, а ја добива младиот и талентиран саксофонист Христијан Ристески од Битола.
Наградата ја додели Христина Фуна косопственик на “Синпекс“ Битола, која при доделувањето на наградата рече:
-Задоволство ми е да бидам дел од фестивалот и им честитам на “Џез фестивалот“ за организирање веќе девет години. “Синпекс“ како компанија е поддржувач на културните настани, а воедно, земајќи ја во предвид важноста на џезот, ние секогаш го поддржуваме. Посебно ми е задоволство да ја доделам оваа награда на младиот Христија. Ова не е само посебно признание, тоа е глас кој допрва ќе се слуша, а ова ќе биде само една страница од неговата музичка кариера.
Христијан Ристески се заблагодари на наградата и рече:
-Благодарам за наградата и чест и задоволство ми е да сум со вас вечерва, му благодарам на организаторите на Фестивалот и секако ова е голем поттик за мене во иднина.
Вечерва во НУ Народен театар Битола настапуваат дуото “Voice and Bass“ од Унгарија и
и Oststyrian Rhythm Section од Австрија.
Утре, на 18 април, ќе се одржи Годишната конференција на асоцијацијата на џез фестивали, со што се зајакнува регионалната и меѓународната соработка, додека вечерта во Дом на култура „Илинден“ – Демир Хисар настапува полскиот бенд JUMA.
Завршницата на фестивалот е на 19 април во Охрид (JazzInn) со концерт на JUMA (Полска).
Сашо Ристевски











