Press "Enter" to skip to content

ФК Конзули Ветерани од Битола со меѓународен турнир и доделување признанија одбележа 10 години постоење (фотогалерија)

Фудбалскиот клуб Конзули Ветерани денес во Битола одбележа 10 години од формирањето здружение кое ќе го негува фудбалот и ќе биде магнетот на кој ќе се “налепат“ шоранешни фудбалери, професори по физичко образование, љубители на фудбалот…Овој јубулеј ФК Конзули го одбележаа со одигрување на меѓународен фудбалски турнир на ќумурното игралиште “Павел Шатев“ во Битола и официјален дел со доделување пехари на најдобрите и долелување на благодрници.На турнирот учествуваа седум екипи, четири од Битола, Конзули Ветерани 1 и 2, Пелистер Ветерани и Нечко, и три екипи од странство, една од Бугарија и две од Србија.Победник на туенирот беше екипата на Конзули Ветерани, второ пласирани Пелистер Ветерани, а на трето место тимот на Нечко.На официјалниот дел кој се одржа во ресторанот “Вила Виста“ зборуваше претседателот на здружението “Конзули Ветерани“,  Горан Кулевски кој се осврна на формирањето на здружението и почетоците на активностите.-Се регистриравме како здружение случајно по едно случајно гостување во Пловдив и по сугестија на сега нашите големи пријатели од Бугарија кои не наговорија тоа да го направиме. Од тогаш имаме настапувано на голем број на турнири низ цел Балкан, сме биле домаќини на неколку турнири во Битола и сега сме дел од сите “математики“ кои се прават на Балканот кога се покануваат гости. Сепак наш најголем успех е играњето на меѓународниот фудбалски турнир “Erima Tour“, каде имаме постигнати добри резултати.Кулевски во име на Конзули Ветерани додели благодарници за соработка на Општина Битола, “БВ Инженеринг“, “Јоска транс“, “Графо пром“, за учество на денешниот клуб на Дунавац од Србија, Морски Зговор од Бугарија, “Гран при“ од Србија.Беа доделени пехари за најдобрите три екипи на турнирот, а пехарот за најдобрата екипа ми беше доделен на Пеце Стојчевски од Конзули Ветерани.Градоначаникот на Битола, Тони Коњановски, кој беше и на одигрувањето на натпреварите на официјалниот дел рече:-Денеска со претседателот на Советот Бојкоски имавме чест да присуствуваме на фудбалскиот турнир по повод 10 години Конзули ветерани Битола на теренот со вештачка трева. Ова е настан кој ги обединува пријателството, традицијата и љубовта кон фудбалот. На гостите им посакавме пријатен престој во градот на гостите од Србија и Бугарија, а спортот останува најдобар начин за пријатество. Вечерва сакам само да повторам дека ова здружение го има местото кое го заслужува и се надевам дека во таа насока ќе продолжи.Конзули ветерани доделија посебно признание на Борис Попчев од Бугарија и беше прогласен за почесен члан на Конзули Ветерани, а по примањето на признанието рече:-Пред 10 години започнавме едно дружење, едно пријателство кое сега се разви во голем размер. Сега можам слободно да кажам дека ние како здружение немаме поголеми пријатели од вас во Битола. Пријателството е взаемо со почитување не само во спортот туку и во сите контакти. Ние ова го започнавме пред 10 години, а сега сме и семејни пријатели, не поврзуваат многу нешта, и ќе ја продолжиме нашата дружба.

Текст и фото: Сашо Ристевски