Младите спортисти направија вистински спортски празник викендов во Битола на 14. меѓународниот Велигденски кошаркарски турнир во организацијата на кошаркарскиот клуб Младост.
Од 2010 година кошаркарскиот Велигдески турнир на КК Младост се развиваше и годинава прерасна во препознатлив знак на Битола и Македонија, а така беше и овој пат, кога на паркетот, меѓу кошевите, на паркетот во спортската сала во Медицинското училиште во Битола.
Годинава е најмасовен собир на млади кошаркари и кошаркарки со околу 400 учесници, собир на млади надежи од Македонија и Грција со учество на 7 екипи во категориите момчиња и девојчиња родени 2014, 2015, 2016, 2017 и помлади.
Во ревијалниот натпревар и од 2018 до 2021, значи и деца од 4 години кои се вклучени во турнирот, а се од кошаркарски клубови од Битола, Прилеп, Кавадарци, Охрид и соседна Грција.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, го прогласи турнирот за отворен и при тоа рече:
-Упатувам најголем поздрав до оваа радост, оваа младост околу нас и најмногу до организаторите кои успеаа толку млади деца да соберат по 14. пат овде на овој Велигденски традиционален турнир кој го организираме со поддршка на Општина Битола. Нема поубава радост и задоволство кога гледате околу вас младост, кога ја гледате нашата иднина и драги деца Ви посакувам многу успеси, медали, а ние како Општина се трудиме да го обновиме овој простор, сите спортски терени во училиштата, да Ви овозможиме услови, а ваше е само да учите, да спортувате и да ги слушате вашите тренери.
Организаторот се заблагодари на Општина Битола која им обезбедува услови за нивните активности, а Горјан Стојановски од КК Младост рече:
-Секоја година продолжуваме со Велигденскиот турнир, и дојдовме до 14. по ред. За нас како организатори посебно не радува не само бројот на учесници, туку и тоа што сите кај нас доажаат со радост, а тоа можете да го водите и сега на паркетот. Тука се сите младински категории, а радоста кај сите е голема, а желбата за победа и докажуваме пред врсниците, родителите и другарите е голема.
Стојановски во име на КК Младост додели и две благодарници на КК Колибри од Охрид и Николаос Григороглу од Грција.
Во културно уметничкиот дел настапи и КУД Илинден од Битола со својата “младинска“ екипа, а потоа и деца, членови на КК Младост кои имаат свои настапи на разни музички фестивали.

Инаку, на овој традиционалне кошаркарски турнир во изминатите години учествуваа 80 екипи со преку 1.100 учесници од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Косово, Грција, Бугарија и Италија.
Текст и фото: Дамијана Ристевска











