Пелистер – Шкупи 7:0 (4:0)
Пелистер попладнево во Битола, под Тумбекафе, на стадионот “Петар Милошевски“ во рамки на 31. коло извојува убедлива победа од 7:0 над Шкупи и со три нови бода направи чекор напред во трката за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Шкупи одамна е испаднат од елитата, а “пелистерци“ овој најпревар го искористија за бодови за спас.
Натпреварот започна со неколку шанси за Пелистер, на Петковски, Петровиќ и со одлично изведен слободен удар на Спировски. Домаќините поведоа во 25. минута со голот на Петровиќ кој ш со прецизен дијагонален удар со левата нога го совлада Муслиу за 1:0.
Во 30. минута Пелистер веќе имаше сигурни 2:0, погоди Петковски. Петровиќ повторно беше прецизен во 39. минута за 3:0. Во 44. минута по убава акција Пелистер преку Петковски поведе со 4:0 и со тој резултат се отиде на одмор.
Во второто полувреме домаќините петтиот гол го пристигна во 70. минута, а стрелец беше Мрмачовски. Михајло Петровиќ се запиша меѓу стрелците со прецизен удар со левата нога за 6:0, а конечните 7:0 ги постави Филип Петровиќ кој забележа хет трик.
Пелистер по 31. одиграно коло има 36 бода и наоѓа на осмото место што води кон бараж за опстанок, а толку има и Брера но и натпревар помалку.
Фото: Сашо Ристевски









