Press "Enter" to skip to content

4. семинар од областа на ветеринарната медицина на Ветеринарен факултет Битола (фотогалерија)

Ветеринарен факултет Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“– Битола во заедничка организација со Ветеринарната комора на Македонија, денеска во Офицерскиот дом во Битола го организира четвртиот семинар од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество.Четвртиот семинар е еднодневен и се третираат теми од областа на ветеринарната медицина со меѓународно учество.-Семинарот се одржува традиционално четврта година по ред и претставува континуитет во заложбите за стручно усовршување и следење на современите трендови во ветеринарната медицина. Семинарот претставува значаен стручен настан на кој учество ќе земат реномирани предавачи – универзитетски професори и ветеринарни практичари од земјата и регионот, од Словенија, Хрватска, Србија и Бугарија, рече на отворањето деканот на ветеринарниот факултет од Битола, проф. д-р Панче Дамески.Одржувањето на семинарот го поздрави и им посака успешна работа и ректорот на УКЛО Битола, проф. д-р Игор Неделковски кој нагласи дека тоа што овој важен семинар се одржува во Битола, со присуство на околу двеста присутни само го потврдува квалитетот на ветеринарниот факултет во Битола и научната работа на академскиот кадар. Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ги поздрави присутните им посака успешна работа и убав престој во Битола и нагласи дека семинарот, кој традиционално се одржува четврта година по ред, претставува значаен континуитет во заложбите за стручно усовршување и следење на современите трендови во ветеринарната медицина.Предавачи на Семинарот се реномирани експерти од универзитети и ветеринарни практичари од државата, како и од регионот (Хрватска, Словенија, Србија и Бугарија), кои преку презентација на актуелни достигнувања и практични искуства од областа на ветеринарната медицина ќе придонесат кон унапредување на професионалните знаења и вештини на докторите по ветеринарна медицина.Преку презентација на современи достигнувања и клинички искуства од различни области на ветеринарната медицина, учесниците ќе имаат можност да ги надградат своите професионални знаења и вештини.На заслужни поединци и институции кои дале придонес во организацијата на семинарите им беа доделени плакети и благодарници. Плакети добија и ректорот на УКЛО – проф. д-р Игор Неделковски, битехнички факултет од Битола и Технолошко-технички Факултет од Велес.

Сашо Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »